Македонските корисници на платформата за возрасни OnlyFans потрошиле околу 1,42 милиони евра во 2025 година, покажуваат податоците на JuicySearch, платформа за аналитика, истражување и собирање податоци која врши детални анализа и проценки на финансиските перформанси и придобивките на големи дигитални платформи.
Според објавените податоци, парите кои македонските корисници ги потрошиле низ целата година на платформата за возрасни „Онлифенс“ значи дека во просек трошеле приближно 119 илјади евра месечно или 3.900 евра дневно за пристап до содржини на платформата.
Онлуфенс (OnlyFans) е позната како интернет-платформа за возрасни преку која креаторите директно наплаќаат од претплатниците за пристап до нивните екслузивни фотографии, видеа и други приватни содржини.
Износот ја става Македонија на петтото место меѓу шесте опфатени земји од регионот. Бројките за поединечните држави се проценки на JuicySearch. Сервисот објаснува дека националните износи ги пресметува врз основа на вкупните финансиски податоци објавени во ревидираните извештаи на компанијата, се вели во анализата на босанскиот сервис на „Блумберг Адрија“.
Регионалната споредба покажува значителни разлики. Најголема вкупна потрошувачка е наведена за Хрватска, околу 10,33 милиони евра, а веднаш зад неа е Словенија со 9,17 милиони евра. Следуваат Србија со 7,92 милиони и Босна и Херцеговина со 2,40 милиони евра. Помал износ од Македонија има единствено Црна Гора, со околу 623 илјади евра.

Вкупно, корисниците од шесте земји потрошиле повеќе од 31,16 милиони евра, според бројките што ги објави „Блумберг Адрија“.
Рангирањето ја покажува големината на пазарите според вкупно потрошените пари. За споредба колку се троши во однос на бројот на жители, потребна е посебна пресметка. Од вкупниот износ за Македонија не може да се заклучи ниту колку луѓе плаќале за содржини, ниту колку просечно потрошил еден корисник. Во анализата на Блумберг Адрија е наведена и потрошувачка по градови од Западен Балкан.

На глобално ниво, JuicySearch наведува дека потрошувачката на Онлифанс достигнала приближно 6,98 милијарди евра во финансиската 2025 година, што е раст од 8,7 отсто во однос на претходната. На креаторите на содржини им биле исплатени околу 5,60 милијарди евра, односно приближно 80 отсто од потрошените средства.
Друга анализа, на сервисот OnlyGuider, ја проценува потрошувачката од Македонија за финансиската 2025 година на околу 1,88 милиони евра, повеќе од проценката на JuicySearch што ја пренесе „Блумберг Адрија“. Разликата покажува дека износи зависат од методологијата на пресметките за проценките од финансиските извештаи на платформата.


