Денеска во Свети Стефан, Црна Гора, ќе биде одржан Самит на Берлинскиот процес, на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската Унија.
На самитот учествува и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, кој како што соопшти Владата, на главната сесија ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста како и европските интеграции и конкурентноста на регионот.
Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора.
Покрај лидерите од Западен Балкан, учествува и Канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц, кој е силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската Унија, се вели во соопштението од Владата.


