Трамп: Крајот на војната во Украина најблиску досега

Објавено:

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, по состаноците на неговиот специјален пратеник Стив Виткоф, изјави дека решението за конфликтот во Украина е поблиску од кога било досега.

„Мислам дека сме поблиску до постигнување договор. Можеби поблиску од кога било досега“, рече Трамп во Белата куќа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека би прифатил мировен договор со кој војната би била „замрзната“ долж актуелната линија на фронтот, оценувајќи го тоа како реален начин за запирање на борбите.

Тој рече дека во таков случај Украина би побарала безбедносни гаранции од американскиот претседател Доналд Трамп и од европските сојузници, со цел да се обезбедат мирот и безбедноста.

Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, потврди дека Владимир Путин го известил Виткоф оти Русија е подготвена по 10 ноември да ги продолжи трилатералните разговори за Украина. Тој рече и дека конфликтот во Украина се движи кон завршница.

„Не знам колку сме блиску, но се движиме во таа насока“, оцени Ушаков.

Откако во вторникот специјалниот американски пратеник Стив Виткоф разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Осло за мировниот процес во Украина, вчера во Санкт Петербург се сретна и со шефот на Кремљ, Владимир Путин.