Во моментот кога поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, призна пораз од Студентската листа на парламентарните избори во Србија 2026, насобраните во Пионирскиот парк во Белград, познат како Ќациленд, ги напуштија шаторите поставени таму.
Кратко потоа, граѓани влегоа во Пионирскиот парк и почнаа да ги уриваат шаторите кои беа поставени таму за време на студентските протести. Според медиумските извештаи и голем дел од српските граѓани, Ќациленд беше еден од клучните симболи на политичките судири во Србија.
„Ова за мене претставува пекол. А сега, кога го направивме ова, претставува слобода,“ изјави еден од младите.
Студентската листа победи на предвремените парламентарните избори во Србија што се одржаа денеска, на кои главен противкандидат на студентите им беше Александар Вучиќ, сега веќе поранешен претседател на Србија.
Илија Срдановиќ, водачот на листата „Студентска листа – Студентите победуваат“, вечерва објави дека Србија победила, додавајќи дека е горд на луѓето кои знаеле да кажат „не“ на тиранин.
„Се движиме кон цивилизирана и подобра Србија“, рече Срдановиќ.
Во штабот на студентите се слави, со извици „Победа“, „Пумпај“ и „Браво“.


