Премиерот на Унгарија, Петар Маѓар, по победата на Студентската листа на парламентарните избори во Србија, се огласи на социјалните мрежи правејќи паралела со унгарските избори на кои тој со неговата партија Тиса успеа да го собори од власт Виктор Орбан.
„Александар Вучиќ призна пораз во Србија. Студентската листа освои апсолутно мнозинство на изборите. На улиците ширум Србија започна прослава. Звучи познато?“, напиша Маѓар.
На вонредните парламентарни избори во Србија, според првичните проекции Студентската листа „Студените победуваат“ освои 52% од гласовите што и носи 138 пратенички мандати од вкупно 240 места во парламентот.
Листата предводена од Александар Вучиќ – „Обединета Србија“ освои 39,3% односно 104 мандати.
Српскиот парламент има 250 места.
„Обединета Србија“ на Вучиќ и партијата Српска напредна странка и Студентската листа се единствените кои ќе влезат во парламентот од сите национални партии и кандидатски листи. Останатите пратенички места ќе ги заземат претставници на малцинствата.
Вучиќ и неговата партија беа 14 години на власт, од кои тој 12 беше премиер или претседател. Вучиќ важеше за близок до поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан кој владееше 16 години. Орбан падна од власт на изборите во април кога изгуби од Маѓар.


