Европратеничката Ирена Јовева: Вучиќ, светот гледа!

Објавено:

Пратеничката во Европскиот парламент Ирена Јовева му порача на поранешниот српски претседател и носител на листата „Обединета Србија“ Александар Вучиќ дека светот гледа и го предупреди денот на изборите да помине без насилство.

„Како што се затвораат гласачките места во Србија, предупредувањата за можно насилство што може да го организира СНС стануваат сè почести, заедно со извештаите за изборни нерегуларности“, вели европратеничката во објава на социјалните мрежи и додава:

„А. Вучиќ, светот гледа. Не ја мешајте дипломатската воздржаност со подготвеноста да се сврти главата на друга страна. Доста беше. Без закани. Без насилници. Без неказнивост“.

Јовева е европратеничка од Словенија која има македонско потекло. Нејзините родители се иселиле во Словенија каде таа се образувала, работела како новинарка, а од 2019 влегува во светот на политиката и е избрана за европратеничка.

Атмосферата во Србија при затворањето на гласачките места навестува дека е можно насилство.

Повеќе детали за ова во вестите во продолжение: