Редици граѓани пред експозитурите на Алта Банка во Србија за да си ги извлечат парите

Објавено:

Редици српски граѓани денеска застанаа пред експозитурите на Алта Банка во Србија, откако Народната банка на Србија ја одзема дозволата за работа и побара стечај за банката поради влошена ликвидност.

Пред два дена, адвокатот Иван Миниќ на социјалната мрежа „Икс“ објави дека поднел барање до Народната банка на Србија итно да иницира вонредна ревизија на работењето на „Алта банка“. Тој наведе дека поседува информации кои укажуваат на почеток на „интензивен и забрзан процес на префрлање средства во странство“ – конкретно на сметки и кон правни лица лоцирани во Москва и Скопје. За оваа банка е познато дека е блиска до Српската напредна странка на поранешниот претседател Александар Вучиќ.

По одлуката за ликвидација на Алта банка во Србија, се огласија од Алта банка во Македонија.

Деталите се на линкот подолу