Реал Мадрид во средата упати извинение откако нивниот француски напаѓач Килијан Мбапе предизвика остри реакции поради неговите коментари со кои поранешниот кинески лидер Мао Цетунг го нарече диктатор. Откако извинувањата од Мбапе и Ла Лига не ја смирија реакцијата во Кина, претседатолот на Ла Лига, Хавиер Тебас, формираше кризна единица и се сретна со кинескиот амбасадор Јао Џинг.
Оваа бура од реакции ги истакна ризиците со кои се соочуваат спортистите и брендовите на профитабилниот кинески пазар, каде што сатирата за Мао, основачот на модерна Кина кој владееше со земјата од 1949 година до неговата смрт во 1976 година, останува општествено табу, пишува новинската агенција Ројтерс.
„ФК Реал Мадрид сака да им изрази извинение на кинеските граѓани за каква било непријатност предизвикана од неодамнешните зборови на нашиот играч Килијан Мбапе“, соопшти клубот во изјавата.
„Нашиот клуб негува длабока почит кон Кина, нејзината историја, култура и граѓани, како и кон милионите кинески навивачи кои чувствуваат наклонетост и восхит кон Реал Мадрид“, се вели во извинувањето на клубот.
Кинеската државна радиодифузна платформа Мигу не ја прикажува натпреварувачката средба на Реал Мадрид против Расинг Сантандер во недела, со што тој е единствениот натпревар од Ла Лига што нема да биде пренесуван. Кинеските брендови, вклучувајќи ги млечните компании (Mengniu и Shanghai Milkground Food Tech, како и Eastroc Beverage), ја прекинаа целосната соработка со Мбапе.
Натпреварот на Реал Мадрид го нема на телевизија во Кина
Платформата требаше да пренесува девет од вкупно 10 натпревари во Ла Лига овој викенд, а мечот на Реал Мадрид е единствениот што не е опфатен. Оттаму не одговориле на барањето за коментар на Ројтерс
Ла Лига брзо реагираше со формирање на кризна единица и стапи во контакт со Реал Мадрид, што претставува значаен чекор по години на затегнати односи меѓу Тебас и клубот поради борбата за превласт во шпанскиот фудбал. Реал Мадрид неодамна побара оставка од Тебас.
Сепак, двете страни ги оставија на страна своите разлики, свесни за потенцијалните непосредни и долгорочни финансиски последици од коментарите на Мбапе. По изјавата на Реал, луѓе од Ла Лига изјавија дека Тебас размислува да отпатува за Кина за да ја неутрализира заканата од масовна финансиска загуба за шпанскиот фудбал.
Ла Лига исто така ќе разгледа можност за зајакнување на своето институционално партнерство со Пекинг поради сериозните загрижености за остар пад на приходите, додека кинеската државна телевизија чека дополнителни гестови на помирување.
Во видео на француски подкаст кое во меѓувреме е отстрането, Мбапе зборува за хумористичен меме на кој неговото лице било фотошопирано врз ликот на „некој лик, мислам дека е кинески диктатор“. Навивачите претходно имаат креирано мемиња на кои лицето на Мбапе е поставено врз слики од воени и политички лидери за да се сугерира дека тој има моќ да влијае врз одлуките во тимовите за кои игра. Мбапе во европскиот печат често бил нарекуван „диктаторот“.
Во средата, на прашањето што мисли Кина за извинението на Мбапе, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, изјави: „Сериозно го сфаќаме извинувањето што лицето го даде.“


