Бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро ја напуштил земјата и отпатувал во САД откако ги загуби претседателските избори во неделата, одбивајќи ја наредбата на Врховниот суд да ги предаде пасошите.
Болсонаро ги загуби неделните претседателски избори од актуелниот левичарски претседател Луис Инасио Лула да Силва.
Врховниот суд му нареди во рок од 24 часа да ги предаде пасошите, во рамките на истрага за перење пари, за што тој ја негира вината. Рокот истече, по што неговите документи биле поништени.
Неговиот татко, поранешниот претседател Жаир Болсонаро, исто така замина во САД откако одби да го признае поразот од Лула во 2022 година. Жаир подоцна беше осуден на 27 години затвор за планирање државен удар.
Флавио сè уште официјално не го призна поразот, најавувајќи дека ќе бара поништување на изборните резултати поради наводни неправилности. Неговата Либерална партија, сепак, ја призна победата на Лула.
Висок функционер на бразилската федерална полиција изјавил дека Болсонаро не ја напуштил земјата преку ниту еден официјален граничен премин за меѓународна миграција.
Американската влада вчера соопшти дека ќе им издаде визи на Флавио Болсонаро и на членовите на неговото семејство, за да можат да влезат во Соединетите Американски Држави, изјавил висок функционер на американскиот Стејт департмент.
Тој не потврдил дека поразениот кандидат веќе се наоѓа на американска територија, откако повеќе медиуми објавија дека тој избегал од Бразил.


