Лула останува претседател на Бразил, победа над десничарот Болсонаро

Објавено:

Актуелниот претседател на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва, победи во вториот круг од претседателските избори, јавува Ројтерс.
Тој освоил околу 51 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат, десничарскиот сенатор Флавио Болсонаро добил околу 48,84 отсто од гласовите.

Болсонаро и Лула имаат спротивни идеолошки ставови за односите меѓу САД и Бразил, климатските промени, социјалната заштита и други прашања.

Во првиот круг Болсонаро освои 2,2 милиони гласови повеќе од Лула. Негова победа ќе значеше свртување надесно на најнаселената земја во Латинска Америка и нејзината најголема економија.

Анкетите пред гласањето покажуваа дека двајцата кандидати се изедначени, но Лула сепак победи во завршницата на изборната трка.

И двајцата во текот на своите политички кариери се соочуваа со обвинувања за корупција. Лула помина повеќе од една година во затвор по пресуда за корупција, која подоцна беше поништена.

Десничарскиот сенатор е син на поранешниот бразилски претседател, Жаир Болсонаро, кој беше осуден на 27 години затвор за планирање државен удар по поразот на изборите во 2022 година.

Во Бразил гласањето се спроведува целосно електронски, што овозможува побрзо пребројување на гласовите отколку во другите земји од Латинска Америка.