Пет големи земји побараа итна реформа на Советот за безбедност на ОН

Објавено:

Бразил, Германија, Индија и Јапонија сметаат дека Советот за безбедност на Обединетите Нации има потреба од итна реформа, за повторно да може да го одржува меѓународниот мир и безбедност, објавија британски медиуми.

„Со оглед на сè попредизвикувачката геополитичка средина, реформата на Советот за безбедност на ОН е понеопходна од кога било порано“, изјавија шефовите на дипломатиите на четирите земји во заедничка изјава по средбата на маргините на 81-та сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации.

Претходно и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Њујорк изјави дека Обединетите Нации веќе не се во состојба да ја исполнуваат својата обврска за зачувување на мирот и повика на темелна реформа на Советот за безбедност на ОН.

„Систем во кој волјата на повеќе од 190 држави е потчинета на каприците на пет држави не е ниту праведен, ниту способен да изгради целосна доверба. ОН, создадени пред 81 година со цел одржување на мирот и безбедноста, се покажаа неспособни да ја исполнат таа мисија, или поточно, беа лишени од можноста да го сторат тоа“ рече Ердоган во обраќањето пред Генералното собрание на ОН.