Кинескиот претседател Џинпинг во тридневна посета на САД

Објавено:

Претседателот на Кина, Си Џинпинг, денеска ќе допатува во Вашингтон во тридневна државна посета, по покана на неговиот американски колега Доналд Трамп.

Темите за кои се очекува да разговараат се, меѓу другото, царините и трговскиот спор меѓу двете земји, но и безбедносни прашања поврзани со вештачката интелигенција и глобалните конфликти, како што се војната во Иран и руската воена интервенција во Украина.

Трамп подготвил обемна програма што ќе трае до петок- со воена парада, свечен прием на кој ќе присуствуваат челници на технолошки компании, како и приватна чајанка во Белата куќа.

Тоа ќе биде прва посета на Си на Соединетите Американски Држави од 2023 година, кога престојуваше во сојузната држава Калифорнија на состанокот на форумот на Азиско-тихоокеанската економска соработка (АПЕК) и се сретна со претходникот на Трамп, Џо Бајден.

Трамп го покани Си во Белата куќа за време на неговата посета на Пекинг во средината на мај годинава.