Зеленски подготвен за трилатерална средба со Трамп и Путин

Објавено:

Претседателот на Украина Володимир Зеленски, по разговорот со Доналд Трамп во Њујорк, повтори дека е подготвен за прекин на огнот во однос на енергетските објекти и за средба со рускиот претседател Владимир Путин во трилатерален формат.

Тој додаде дека со американскиот претседател Доналд Трамп разговарал за „енергетски“ прекин на огнот и за начините за завршување на војната.

Зеленски истакна дека Киев е подготвен за каков било формат на прекин на огнот во однос на енергетските објекти, но дека не станува збор за еднострано запирање на украинските напади врз руските рафинерии.

Тој повтори дека е подготвен за средба со рускиот претседател Владимир Путин во трилатерален формат, заедно со Трамп.

Од друга страна, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, порача дека Москва се залага за траен мир, а не за привремен прекин на огнот.

Според неговите зборови, со краткотрајните прекини на огнот суштински ништо не се постигнува, додека ситуацијата во Украина, како што оцени, се влошува од ден на ден.