Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска го почнува разгледувањето на амандманите за предлог-ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година. За предлог-ребалансот на буџетот се поднесени вкупно 124 амандмани од овластени предлагачи.
Во вчерашната расправа на седницата на комисијата, на која во второ читање се разгледуваше Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, беа изнесени спротивни ставови на пратениците од власта и опозицијата.
Од владејачкото мнозинство оценија дека измените се неопходни поради променетите економски услови. Посочија дека овој ребаланс не е признание за неуспех, туку, како што посочија, тој е одговор на променетите економски околности. Истакнаа дека продолжува поддршката за општините и реализацијата на развојните проекти.
Пратениците од опозицијата сметаат дека вториот ребаланс во текот на годинава укажува на слабости во буџетското планирање. Посочија дела ребалансот е да се истера некако годината и да се покријат тековните расходи и основните функции на државата.


