Останува затворската казна од 12 години за Стојанче Јовановски, кој е осуден во случајот за смртта на неговите сопруга и ќерка – Ивана и Катја.
Тој бараше од Врховниот суд да ја преиспита пресудата, по што оттаму одлучија да му го одбијат барањето.
„Врховниот суд ја информира јавноста дека, постапувајќи по кривичниот предмет КВП2-101/26, по одржана седница на советот на 21.10.2026 година, донесе пресуда со која се одбива како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено од осудениот, преку неговите бранители“, соопштија од Врховен.
Јовановски е осуден за три кривични дела: телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство.
На почетокот на март 2026 година, неговата сопруга Ивана која беше жртва на семејно насилство, скокна од балконот од семејниот дом во зграда во скопската населба Тафталиџе. Ивана скокна заедно со нивната ќерка Катја.
Јовановски беше уапсен и потоа обвинет за трите кривични дела. Пресудата беше донесена во мај од страна на Основниот кривичен суд Скопје, по што истата беше потврдена и од Апелација.
ТИМОТ НА КОЛЕГИУМ.МК НАПРАВИ ГЕЈМИФИКАЦИЈА НА СТОРИЈА КОЈА НА ЕДЕН ПОИНАКОВ НАЧИН ГИ ПРИКАЖУВА ЧЕКОРИТЕ НА ПРИЈАВУВАЊЕ НА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО, НО И СОПКИТЕ ВО СИСТЕМОТ.
ИГРАЈ ЈА ПРИКАЗНАТА ТУКА


