Пловдив ќе биде европска престолнина на спортот во 2028 година, објави градоначалникот Костадин Димитров.
Во објава на Фејсбук, Димитров информираше дека општината добила официјално писмо од АЦЕС (непрофитна асоцијација со седиште во Брисел која секоја година ги доделува титулите за европски престолнини, градови и региони на спортот), јави агенцијата БГНЕС.
„Пловдив им даде на нашите деца големи светски шампиони. Сега имаме уште една причина да им дадеме храброст да сонуваат за своите победи. И уште повеќе можности за секој жител на Пловдив да спортува – за здравје, за радост, за пријателства што траат цел живот“, напиша Димитров.
Пловдив беше Европска престолнина на културата во 2019 година, заедно со италијанскиот град Матера. Тој беше прв бугарски град на кој му беше доделена престижната титула.


