Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека утре ќе биде ден со многу висок ризик за јавниот ред и мир и најави повторно распоредување на 70.000 припадници на безбедносните сили на улиците низ целата земја.
Нуњез предупреди дека бројни радикални групи преку социјалните мрежи повикуваат на насилни собири во сабота, на Ноќта на вештерките.
Министерот најави дека реакцијата на безбедносните сили ќе биде исклучително решителна.
„Забележуваме бројни повици за собирање од страна на работничкото движење, радикализираната крајна левица и одредени радикализирани интернет-страници на движењето „Жолти елеци“. Дел од пораките во тие повици се, најблаго кажано, прилично радикални“, изјави тој.
Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека на протестните собири минатата сабота учествувале околу 410.000 луѓе. И тогаш редот го обезбедувале 70.000 припадници на безбедносните сили, кои спречувале повторување на немирите, вандализмот и кражбите од 17 октомври.
Синдикалните лидери и студентите повикаа на нови протести на 31 октомври, како и на национален штрајк на 5 ноември.


