Украинската војска ги прекина нападите врз руските нафтени рафинерии по притисокот од американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори запознаени со операциите.
Според весникот, неофицијалниот прекин на нападите започнал во почетокот на минатата недела, а се очекува да трае до завршувањето на американските избори на средината на мандатот, а можеби и подолго.
Трамп неодамна изјави дека е срамота што Украина повторно почнала да ги напаѓа руските рафинерии, истакнувајќи дека тоа придонесува за одржување на високите цени на енергенсите во светот.
Украина ја нападна руската нафтена рафинерија откако претседателот Володимир Зеленски објави дека Киев се откажува од примирјето што се однесуваше на енергетските објекти, а кое претходно го најави Трамп.
Зеленски воедно ја критикуваше подготвеноста на американскиот претседател да постигне договор со Москва.
„Има многу цели што можете да ги нападнете, но кога ги гаѓате рафинериите во кои се произведува дизел-гориво, кое им е потребно и нам и на целиот свет, тогаш тој не му прави никаква услуга на светот“, коментираше американскиот претседател за украинските напади врз руските нафтени постројки.


