Трамп побара од Украина да ги прекине нападите врз руските рафинерии

Објавено:

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски неговата земја да ги прекине нападите врз руската инфраструктура за производство на дизел-гориво. Тој изјави дека овие напади предизвикуваат недостиг на гориво, што му штети на целиот свет.
Бранот украински напади со беспилотни летала со долг дострел врз руските рафинерии во изминатите месеци го намали производството на гориво во земјата, што предизвика недостиг на бензин низ цела Русија.

Украина, чија инфраструктура е постојано изложена на руски напади, тврди дека рафинериите се легитимни воени цели.
„Проблемот што го имам со Украина и Русија е тоа што голем дел од дизел-горивото доаѓа од Русија, а украинските сили ги напаѓаат руските постројки. Го замолив претседателот Зеленски да не ги напаѓа постројките за производство на дизел, односно рафинериите. Цената на дизелот расте бидејќи е тешко да се транспортира од Русија, а тоа му штети на целиот свет“, рече Трамп.

Последни објави