По победата на студентите, Србија е пред нови избори – за наследник на Вучиќ

Објавено:

По победата на студентите и нивната листа кандидати на предвремените парламентарни избори на 25 октомври, Србија е пред нови избори – претседателски.

Претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, која е и в.д. претседателка на државата, изјави дека изборите за нов врховен командант ќе бидат одржани согласно Уставот односно најдоцна до 27 декември.

„Брзото формирање институции во овој момент е најважно, оние што победија на изборите да ја преземат одговорноста за тоа како се живее во оваа земја, па ако се продолжи со малтретирање и терор врз граѓаните и со непочитување на Уставот, тогаш сите да знаеме кој е одговорен за тоа“, рече Брнабиќ.

Според Законот за избор на претседател на Републиката, Ана Брнабиќ може да биде в.д. на оваа функција најмногу три месеци. Како претседателка на парламентот, таа е онаа што треба да ги распише изборите за нов шеф на државата.

На оваа функција во меѓувреме може да ја наследи и некој друг, доколку во меѓувреме се конституира новиот парламентарен состав и се избере нов претседател на оваа институција.

Со оглед дека претседателските избори треба да се одржат до 27 декември, изборните правила налагаат дека тие треба да се распишат еден месец порано односно до 27 ноември.

Функцијата претседател на Србија ја извршуваше Александар Вучиќ, меѓутоа кога под притисок на студентите власта реши да распише парламентарни избори, тој си даде оставка и се кандидираше како носител на листата со цел да стане иден премиер на државата.