Ракот на грлото на матка останува сериозен проблем

Објавено:

Иако ракот на грло на матка е една од болестите со најголеми шанси за да се излечи доколку се открие навреме, Македонија и натаму заостанува во превенцијата.

Во периодот од 2023 до 2025 година, скрининг бил направен кај само 32 проценти од жените на возраст од 21 до 59 години, што е далеку под целта на Светската здравствена организација (СЗО).

Недостигот на гинеколози, слабата едукација и ограничените средства за превенција придонесуваат земјата да биде меѓу водечките во Европа по број на новооткриени случаи.
Во дури 40 општини во државата нема матичен гинеколог, што дополнително го отежнува пристапот до редовни прегледи, особено за жените од руралните средини.

Лекарите предупредуваат дека навремените ПАП-тестови и редовните контроли можат значително да ја намалат смртноста, бидејќи болеста во рана фаза најчесто е целосно излечива.