Речиси секое трето дете во Македонија е во ризик од сиромаштија

Објавено:

Речиси секое трето дете во Македонија е во ризик од сиромаштија. Според анализата на УНИЦЕФ околу 120.000 деца живеат во сиромаштија, а само една третина од нив добиваат детски додаток.

Растот на трошоците за живот дополнително ја намалува вредноста на финансиската помош што ја добиваат семејствата.

За намалување на детската сиромаштија, УНИЦЕФ предлага воведување универзален детски додаток и подобрување на постојните форми на поддршка за децата и семејствата.

Од Министерството за социјална политика, демографија и млади велат дека додатоците се зголемуваат, но признаваат дека се потребни дополнителни мерки.

Експертите предупредуваат дека сиромаштијата во детството може да има долгорочни последици врз образованието, здравјето и економскиот развој на државата.

Повеќе детали во видеото подолу.