Иран го прогласи Ормускиот теснец „целосно отворен“ до остатокот од примирјето

Објавено:

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи на 17 април изјави дека Ормускиот теснец, кој е ефикасно затворен од почетокот на војната, предизвикувајќи хаос на глобалните пазари на нафта, сега е отворен за преостанатиот период од прекинот на огнот, јавува американскиот медиум СНН.

„Во согласност со прекинот на огнот во Либан, преминот за сите комерцијални бродови низ Ормускиот теснец е прогласен за целосно отворен за преостанатиот период од прекинот на огнот, по координираната рута како што веќе е објавена од Организацијата за пристаништа и поморство на Исламската Република Иран“, објави Арагчи на социјалната платформа X.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја потврди информацијат во објава на својата социјална платформа Truth Social, повторувајќи дека теснецот е целосно отворен. „ВИ БЛАГОДАРИМЕ!“, додаде тој.

„Ормутскиот теснец е целосно отворен и пордготвен за бизнис и потполно премување, но поморската американска блокада ќе остане во полна сила и ефект се додека нашата трансакција со Иран не заврши 100 проценти. Овој процес треба да заврши многу брзо, бидејќи повеќе од точките се веќе преговарани“, напиша Трамп.

Примирјето понуди пауза во борбите меѓу Израел и милитантната група Хезболах и би можело да отстрани една голема пречка за договор меѓу Иран и САД и Израел за завршување на неколкунеделната разорна војна.

Но, остана нејасно дали милитантната група ќе го признае договорот во кој не играше улога и кој ќе ги остави израелските трупи да окупираат дел од јужен Либан, јавува новинската агенција Асошиетет прес.

Иран во голема мера го затвори теснецот за бродови освен за своите од почетокот на воздушните напади на САД и Израел против него на 28 февруари. Во понеделник, Вашингтон воведе блокада на бродовите што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа.

Во меѓувреме денеска Франција и Велика Британија претседаваат со состанок во петок на околу 40 земји, чија цел е да им сигнализираат на Соединетите Американски Држави дека некои од нивните најблиски сојузници се подготвени да играат улога во враќањето на слободата на пловидба во Ормутскиот теснец откако условите ќе дозволат.