Вучиќ најави оставка

Објавено:

Српскиот претседател Александар Вучиќ на 27 јуни најави дека ќе биде претседател уште неколку недели и дека потоа ќе поднесе оставка.

„За мене, ова е веројатно последен пат да ви се обратам како претседател на Републиката. Верно и служев на мојата земја 14 години. Ова се моите последни денови и недели како претседател на Републиката“, изјави Вучиќ на митингот на владејачката Српска напредна партија пред Собранието. Српската напредна партија денес организираше митинг под слоганот „Србија, едно семејство“.

Тој најави дека владејачката коалиција за парламентарните избори ќе се вика „Обединета Србија“. Но не кажа кога ќе бидат распишани изборите.

Дополнително на митингот соопшти дека хуманоидни роботи ќе се произведуваат во Србија од август, и тоа, како што рече, во подобри фабрики отколку во Кина.

“Ќе бидете многу задоволни од новите мерки и ќе следи големо зголемување на пензиите, дури и пред јануари, па сметаме на ноември и декември, веќе оваа година. А пред тоа ќе имаме нешто што ќе ве направи многу среќни”, им се обрати на пензионерите Вучиќ.

Вучиќ од ноември 2024 година се соочува со масовни антивладини протести, додека студентското движење кое ги предводи протестите и ја обвинува власта за корупција бара вонредни парламентарни избори.