„Сите прашања за сумата за прославите за 35 години од независноста поставете ги во Владата“, вели за БИРН Александар Климовски, директорот на Државна лотарија која го распишала огласот за низата настани.
Портпаролката на Владата, Марија Митева, инсистираше да ѝ се пратат прашања, за кои сѐ уште не е стигнат одговор.
Јавно достапни документи откриваат дека Владата на 28 април годинава одлучила задачата за прославата да му ја додели на државното акционерско друштво.
Само два дена по таа владина седница, Лотарија распишува јавен оглас, кој, како што вели Климовски, е според Законот за спонзорство и донации и затоа го нема на системот за јавни набавки.
На 30 април се појавува:„Јавен повик за прибирање понуди за реализација на спонзорирани настани по повод прославата на 35 години од самостојноста и независноста на Република Северна Македонија“.
Огласот e објавен на веб- страницата на Лотарија и во еден дневен весник со рок од само пет работни дена да се достават понуди. Повикот содржи точно утврдени описи на настаните кои подоцна и се случија.
Целиот текст на БИРН прочитајте го ТУКА.


