ЦГК: Општините дале четири милиони евра за субвенции и за помош на граѓаните во изборната 2025 година

Објавено:

Вкупно четири милиони евра потрошиле 63 општини во изборната 2025 година, за за субвенции и дотации за граѓаните, што е речиси за еден милион евра повеќе отколку во претходната 2024 година, објави Центарот за граѓански комуникации(ЦГК) во најновото истражување.

Во октомври лани, во Македонија се одржаа локални избори за избор на градоначалници и членови на општинските совети.

Тоа се пари доделувани за најразлични основи – за прво дете, за првоодделенци, средношколци, млади, матуранти, лица во социјален ризик и пензионери. Тука спаѓаат и субвенциите за училиштен прибор, ранци, дрва, велосипеди, полагање возачки испит, за превоз и за паркинг. Понатаму, пари се давани и за стапување во брак, за санација на покриви, за прозорци, за лифтови, за стипендии, за награди за првенци на генерација, најдобар наставник, полицаец, земјоделец, пожарникар и доктор.

Центарот за граѓански комуникации евидентирал 92 основи по кои општините давале помош за граѓани.

Предничат општина Центар, која доделила по 16 основи, а потоа Кисела Вода и Гази Баба со помош во 12 категории. Останатите општини доделуваат помош по помалку основи.

Општините Арачиново, Боговиње, Брвеница, Бутел, Врапчиште, Дебар, Долнени, Желино, Јегуновце, Ново Село, Студеничани, Теарце, Тетово, Чашка, Чучер Сандево и Шуто Оризари одговориле дека немаат доделено вакви средства во 2025 и 2024 година.

Сарај, Чаир и Град Скопје воопшто не одговориле на барањето за информации за доделените средства.

Парична помош е за секое новородено дете даваат дури 50 општини. Највисока, од 30.000 денари, доделила Општина Старо Нагоричане. Општина е Конче, пак, дава по 100.000 денари на секое лице над 35 години кое стапило во брак.

Најмногу пари за вакви дотации лани исплатила Општина Аеродром, дури 552.387 евра. Следна е скопската општина Центар со 507.481 евро. По нив следат Кисела Вода со 461.989 евра и Гази Баба со 415.172 евра.

Центар и Кисела Вода каде има позначително зголемување на вкупниот износ во 2025 во споредба со 2024 година.

Според истражувањето, опсегот на помошта за новороденче што ја исплаќаат општините е од 3.000 до 30.000 денари. За прваче сумите се движат од 2.000 до 8.000 денари. И за првородено дете сумите се различни, од 6.000 до 30.000 денари.

„Она што останува нејасно е дали општините имаат ингеренции за вакви дотации и помоши, особено што од општина до општина се применуваат различни правила, процедури, постапки, износи и категории. општините, во своите правилници и одлуки за доделување на разните помоши, се повикуваат на различен член од Законот за локалната самоуправа. Сепак, најчесто е повикувањето на членот 36, став 1 каде што се наведени надлежностите на Светот на Општината и точката 15 – Врши и други работи утврдени со закон“, се вели во истражувањето.

Последни објави