Ако продолжи американската блокада на иранските пристаништа, Иран предупреди дека повторно ќе го блокира Ормускиот Теснец.
Заканата ја испрати претседателот на иранскиот парламент Мохамед-Багер Галибаф преку објавувајќи на мрежата Икс: „Со продолжувањето на блокадата, Ормуската Теснина нема да остане отворена“.
Транзитот низ водниот пат, како што нагласи тој, ќе се одвива по одредена рута и со иранско овластување. Оваа рута е витална за глобалниот пазар со нафта и гас.
Ваквиот развој на настаните доаѓаат по нецели 24 часа откако Техеран потврди дека танкерите за нафта би можеле повторно да поминат низ Ормускиот Тесец. Тој беше блокиран поради неколкунеделната војна на САД и Израел против Иран.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера исто така, ја потврди информацијата дека теснецот е отворен.
Меѓутоа за блокадата на иранските пристаништа, тој не попушта. Доцна синоќа тој изјави дека таа ќе продолжи додека не се постигне договор со Техеран нагласувајќи дека можеби нема да го продолжи договорот за примирје што истекува во среда.
Фото: Kimiya Shabani/pexels


