Њујорк Никс се новите шампиони на НБА. лигата. Во драматичното финале против Сан Антонио Спарс, тимот од „Големото јаболко“ ја освои првата титула по далечната 1973 година, откако во петтиот натпревар победи со 94:90 и ја затвори серијата победи со 4:1.
Херојот на вечерта беше капитенот на Никс, Џејлен Брунсон, кој 45 поени, а најважните кошеви ги реализираше во второто полувреме, кога Њујорк направи пресврт и ја презеде контролата врз натпреварот. За својата одлична серија, Брунсон беше прогласен за најкорисен играч (Most Valuable Player-MVP )во финалето. Во спортот, ова признание му се доделува на играчот кој имал најголемо влијание врз успехот на својот тим.
„Немам зборови. Ова е сè за што некогаш сум сонувал“, изјави Бренсон за време на прославата на теренот.
Победата беше кулминација на сезона од соништата за Њујорк, а дојде откако го направија најголемиот камбек во историјата на НБА финалето во четвртиот натпревар дома, враќајќи се од дефицит од 29 поени.
Од друга страна, најдобар играч во редовите на Спарс беше Дилан Харпер со 25 поени, додека Виктор Вембањама запиша 19 поени, 14 скока и пет блокади.
Славјето на навивачите траеше доцнa во ноќта по улиците на Менхетен. Големата прослава се должеше на чекањето повеќе од половина век за Њујорк повторно е да застане врвот на НБА. Њујорк Никс последната титула во НБА ја освоија во 1973 година со победа врз Л.А. Лејксерс и претходно во 1970 година исто со победа над Лејкерс.


