Во задниот дел од просториите на обложувалница бил сместен приватен образовен институт кој неодамна бил затворен. Овој пример за непочитување на законските услови според кој приватните институти добиле дозвола за работа, го посочи на 4 април министерката за образование Весна Јаневска. Таа не посочи за кој приватен институт станува збор, ниту дали станува збор за научен или образовен.
Јанева на новинарско прашање при посета на општина Илинден повтори дека до сега Министерството затворило 14, како што таа ги посочи, „таканаречени“ институти. Според неа најбруталниот пример на непочитување на законот бил примерот со регистриран институт кој во задна просторија на обложувалница, со две столчиња и два душека.
„Ние водиме 34 високообразовни установи во земјава, што апсолутно е недозволиво. Под називот приватен институтот де факто се обавуваат други функции, како што е еве примеров со кладилницава“, изјави Јаневска.
Таа додаде дека бројот на вакви установи во државата е преголем и дека министерството ќе продолжи да реагира онаму каде што се утврдуваат прекршувања на законот и несоодветни услови за образовна работа.
Овој одговор Јаневска го даде на новинарското прашање посветено на приговорите на приватните институти за новите критериуми според кои треба да го зголемат високообразвниот кадар доктори на науки од два на пет. Таа додаде дека тоа не се критериуми„ туку така изислени“ туку базирани на сериозна анализа.
„Да, може да е тешко да се обезбедат 10 доктори на науки, но со оглед на тоа дека продукцијата на доктори беше висока, им препорачувам да си најдат од тие што чесно ги завршиле тие студии, да си вработат луѓе, наместо да ги злоупотребуваат – денес ги примаат 10, поминува институционалната акредитација, по два дена отпуштаат 5, тоа истотака не е во ред и за тоа сме свесни… Има преодна одредба во законот“, изјави Јаневска.
Последна објавена одлука на Министерството за образование за времено затворање на приватен факултет беше високота стручна школа „Факултет за бизнис економија“ во Скопје во септември минатата година по утврдено незаконско работење. Според јавно достапните податоци, процесот на проверка на приватните научни и образовно институти започна во јануари минатата година. Тогаш од МОН како посочија дека недостигот на истражувачи и програми се најчестите причини за затворање на најголем дел од приватните научни институти, од страна на државата која и ги дава акредитациите за работа.
Минатата година беа затворени Институтот за мода „Фешн дизајн“ во Тетово, но и неколку други институти во Скопје – Институт за бизнис економија, Институт за геобиологија, археологија, подземни води и екологија, Институт за наука, алтернатива, култура и уметност, како и Институтот за одржлив развој и управување со климатски промени „МИЛИЕУКОНТАКТ МАКЕДОНИЈА“.
Јаневска денеска изјави дека новиот закон за високо образование во кој ќе бидат опфатени и критериумите за приватните институти е затворен од работната комисија и в понеделник ќе влезе во владина постапка.


