Пожарот што вчера беснееше над Штип и се закануваше на неколку куќи, е изгаснат од страна на пожарникарите и доброволците.
Пожарот го предизвика гром по што пламените јазици зафатија сува трева и грмушки. Според информациите од терен, од силниот ветар, огнот брзо се ширел кон ридовите Клисебаир и Кумлак и се доближил до првите куќи во населбата Кадидаре.
Нема повредени лица и не биле оштетени домови.
На вонредна прес-конференција околу полноќ, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, порача дека нема простор за паника бидејќи сите институции се мобилизирале.
Во акцијата учествуваа десетици пожарникари: 20 од штипската противпожарна единица кои излегоа на терен со четири возила, десетмина лица од доброволното друштво во Штип исто така со четири возила, како и шестмина пожарникари од Кочани и Свети Николе.


