Државата го заштити македонскиот рубин

Објавено:

Државата го заштити македонскиот рубик како домашен уникатен полускапоцен камен, со што доби статус на на заштитено национално минерално наследство, најави министерката за енергетика Сања Божиновска.

„Му благодарам на Геолошкиот завод за соработката. Веќе имаме нешто македонско заштитено. Продолжуваме понатаму со заштита и на одредени видови мермер“, рече Божиновска на брифинг со новинарите.

Рубинот што се вади во Македонија е геолошки и естетски уникат: познат е како корунд со карактеристична малиново-розова боја, што се јавува поради присуството на хром во неговата кристална структура. Се наоѓа исклучиво во околината на Прилеп и во планините на Мариово, што го прави единствен природен рубин во копнена Европа што се обработува локално. Покрај својата естетска и колекционерска вредност, македонскиот рубин претставува дел од културното и историското наследство на земјата – симбол на природната убавина и национална гордост.

Активностите за заштита на македонскиот рубин почнаа во септември 2025 година.