Уникатноста на македонскиот рубин, редок минерал кој се наоѓа на неколку локации во Македонија, не е само драгоцен камен, туку симбол на сила, убавина и на духовна длабочина. Тој е повеќе од минерал – тој е приказна за земјата, нејзината историја и нејзините луѓе.
Македонскиот рубин е уникатна традиција, културно наследство кое се носи на гради, вели Нада Илиевска Груевска, со која Колегиум.мк разговараше за приказната која овој драгоцен камен од нашето поднебје ја носи во себе и со себе.
Државата неодамна го заштити македонскиот рубин како домашен уникатен полускапоцен камен, со што доби статус на на заштитено национално минерално наследство. Рубинот што се вади во Македонија е геолошки и естетски уникат: познат е како корунд со карактеристична малиново-розова боја, што се јавува поради присуството на хром во неговата кристална структура. Се наоѓа исклучиво во околината на Прилеп и во планините на Мариово, што го прави единствен природен рубин во копнена Европа што се обработува локално. Покрај својата естетска и колекционерска вредност, македонскиот рубин претставува дел од културното и историското наследство на земјата – симбол на природната убавина и национална гордост.
Погледнете го видеото за македонската приказна раскажана низ рубин.


