Што на ум, тоа на Колегиум: Дали Скопје е почист град?

Објавено:

Од 18 ноември, во Скопје е забрането да се фрла ѓубре во периодот од 22 до 6 часот. Забраната ја воведе новата градска власт со цел да ја подобри хигиената во градот и да спречи создавање на мини депонии околу контејнерите.

Ако некој граѓанин фрла ѓубре во период на забрана, казната е 50 евра. Од почетокот на забраната до крајот на март годинава казнети се стотина физички лица и десетина фирми, а во градскиот буџет се слеале над 2.000 евра (133.300 денари).

Но, дел од граѓаните се спектични дека оваа мерка помага, Скопје да биде почист град.

Во продолжение, погледнете ја анкетата што ја направи Колегиум.мк: