Будимпешта: Од едната страна на Дунав солзи, од другата шампањ

Објавено:

Две сосема различни атмосфери има вечерва во Будимпешта, главниот град на Унгарија, покажуваат медиумските извештаи.

Причината за ова е резултатот од вечерашните парламентарни избори на кои актуелниот премиер и лидер на партијата Фидес, Виктор Орбан, падна од власт по 16 години владеење. Победата ја одзеде опозициската Тиса предводена од Петер Маѓар.

Од едната страна на Дунав, присутните поддржувачи на Фидес кои со часови го очекуваа обраќањето на Орбан, во солзи го следеа неговиот говор.

Дел од нив скандирале „Унгарија, Унгарија“, други извикувале „Ќе зажалите за ова!“.

„Се чувствуваме ужасно, предадени“, изјавила за Ројтерс една средовечна жена, поддржувач на Орбан.

Од другата страна на Дунав, пак, каде се собираат поддржувачите на Тиса, пак, се чувствува огромна возбуда, јавуваат медиумите.

„Неверојатно е. Мислам дека Унгарија ќе биде подобра земја“, вели 27-годишната Унгарка, Сара.

Репортерката на српската телевизија Н1 од Будимпешта јавува дека поддржувачите на Тиса веќе слават со шампањ, а веат и знамиња на Европската Унија.

На повеќе од 87 обработени гласови од Националната изборна канцеларија на Унгарија, првичните проекции покажуваат дека Тиса ќе освои двотретинско мнозинство во 199-члениот парламент. Партијата би имала 138 пратеници.

Фидес и коалицијата 54 пратеници, додека со седум мандати во парламентот би влегла и ултрадесничарската Наша татковина.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА: