Виктор Орбан по 16 години падна од власт во Унгарија. Тој го призна поразот и му честиташе на ривалот Петер Маѓар, лидер на опозициската Тиса.
„Резултатот од изборите е јасен и болен“, изјави тој.
Тој им се заблагодари на два и пол милиони гласачи кои досега гласаа за неговата партија Фидес и вети дека никогаш нема да бидат разочарани.
„Никогаш не се откажуваме, ова е едно нешто што луѓето го знаат за нас, никогаш не се откажуваме. Деновите што се пред нас, се за нас да ги излечиме нашите рани“, рече Орбан.
Опозициската Тиса предводена од Маѓар е извесно дека ќе освои и двотретинско мнозинство во унгарскиот парламент кој брои 199 пратеници.
Според првичните резултати од Националната изборна канцеларија на Унгарија, на повеќе од 77% обработени гласови, Тиса ќе има 138 пратеници. Фидес и коалицијата 54, а во парламентот со седум пратеници се очекува да влезе и ултрадесничарската Наша татковина.
Пред да се обрати јавно, Орбан телефонски му честиташе на Маѓар.
Лидерот на Тиса, како што и самиот објави на социјалните мрежи, веќе примил честитки од европските лидер, меѓу кои францускиот претседател Емануел Макрон, канцеларот на Германија Фридрих Мерц и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
ПОВЕЌЕ ВЕСТИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА:
- Како се промени Унгарија под власта на Орбан?
- Унгарецот Петер Маѓар од инсајдер до главен предизвикувач на Орбан
- Историски избори во Унгарија што можат да го променат балансот во Европа
- Унгарците рушат рекорди во излезност на парламентарните избори
- Орбан призна пораз: Му честитал на Маѓар
- Будимпешта: Од едната страна на Дунав солзи, од другата шампањ


