Орбан призна пораз: Му честитал на Маѓар

Објавено:

„Премиерот Виктор Орбан штотуку ни честиташе телефонски за нашата победа“.

Ваква порака објави лидерот на опозициската Тиса, Петер Маѓар, кој води убедливо по денешните парламентарни избори во Унгарија.

Според првичните податоци на Националната изборна канцеларија на Унгарија, Маѓар, не само што води туку може да освои и двотретинско мнозинство во 199 члениот парламент.

На обработени над 60 отсто од гласовите, партијата на Маѓар би имала 136 пратеници, додека Фидес на Орбан 56. Во парламентот се очекува да влезе и ултрадесничарската партија Наша татковина која би била единствената помала партија што ќе го надмине потребниот праг од 5% освоени гласови. За неа, засега се проектираат, седум пратенички мандати.

Извор: Националната изборна канцеларија

Петар Маѓар веќе се обрати преку социјалните мрежи со кратка порака: „Благодарам, Унгарија!“.

Поддржувачите веќе се насобрани во центарот на Будимпешта и слават.

Виктор Орбан е на власт во Унгарија 16 години.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА: