Соединетите Американски Држави ќе го пренесуваат во живо извршувањето на смртната казна со стрелање, што ќе го спроведе војската врз Нидал Хасан, а е закажано за 3 декември.
Хасан во 2009 година уби 13 лица откако отвори оган во воената база Форт Худ во Тексас, соопшти претставник на Пентагон.
Хасан, поранешен воен психијатар, треба да стане првиот човек врз кого американската војска ќе изврши смртна казна со стрелање од 1945 година, непосредно по завршувањето на Втората светска војна.
Претставникот на Пентагон, кој сакал да остане анонимен, не соопшти дополнителни информации, туку најави дека деталите ќе бидат објавени дополнително.


