Неизвесен исходот од изборите во Шведска, опозициските социјалдемократи водат за еден пратеник

Објавено:

Прелиминарните резултати од изборите што се одржаа во неделата, 13 септември, покажуваат дека опозицискиот блок предводен од социјалдемократите на поранешната премиерка Магдалена Андерсон има 175 мандати, а владејачките партии на премиерот Улф Кристерсон би имале 174 пратеници во парламентот.

Исходот од изборите би можел да остане неизвесен до средината на неделава, бидејќи конечните резултати се очекуваат в среда или четврток, до кога ќе бидат преброени гласовите пристигнати по пошта, како и оние на граѓаните од странство.

Според шведскиот јавен сервис СВТ, разликата меѓу двата блока во еден момент изнесувала само околу 20 илјади гласови.

Станува збор за редовни избори на сите нивоа на власта, кои во Шведска се одржуваат на секои четири години.

Последни објави