Зголемените приходи не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на пензиите во 2024 година, поради што се вршат трансфери од Буџетот на државата кои учествуваат со 36,71% во вкупните приходи на Фондот“, констатираат ревизорите во најновиот финансисики извештај за Фондот на пензиското и инвалидското осигурување за 2024 година.
Со извршената ревизија за 2024 година изразено е неповолно мислење за вистинито и објективно прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности на оваа институција.
„Приходите од наплатен придонес за ПИО1 во 2024 година се зголемени за 14% во однос на претходната 2023 година2 и изнесуваат 71.435.601 илјади денари со учество од 61,74% во вкупно остварените приходи. Оствареното зголемување на приходите
во 2024 година и понатаму не е доволно за покривање на расходите за пензии кои исто така секоја година бележат раст и во 2024 година изнесуваат 90.277.241 илјади денари“, се наведува во извештајот на ДЗР.
Меѓудругото, процентот на средствата кои се одвојуваат од Буџетот на државата до 2018 континуирано се зголемувал, за од 2019 да почне бележи тренд на намалување. Во 2024, кога се случува првото линеарно покачување на пензиите, учеството на трансферираните средства од Буџетот на државата учествува со 36,71% и бележи зголемување од 4,14 % во однос на 2023 година.
Ревизорите исто така укажуваат на слабости во начинот на пресметката и навремената уплата на придонесите за осигурениците во вториот пензиски столб. Иако Фондот ги изготвува пресметките и ги доставува до надлежното министерство во законски утврдениот рок, средствата не се трансферираат навремено, при што во 2024 доцнењето изнесува во просек околу два месеца. Заклучно со 27 февруари 2026, утврден е долг од 2.592.918.000 денари по основ на нераспределени придонеси кон приватните пензиски друштва.
Ревизијата утврдила и дека Фондот не врши навремена уплата на придонесите и за здравствено осигурување на пензионерите кон Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), иако има законска обврска за тоа. Во 2024 и 2025 година исплатите се вршени со задоцнување од неколку месеци, при што до 28.02.2026 година придонесите се исплатуваат со доцнење од осум месеци. Вкупната неисплатена обврска за периодот од јуни 2025 до јануари 2026 година изнесува 8.415.865.000 денари односно 136.400.000 евра.
„Оваа состојба овозможува пензионерите да користат здравствени услуги без навремено уплатени придонеси, што негативно влијае и врз ликвидноста на Фондот за здравствено осигурување“, се наведува меѓудругото во извештајот.
Се додава и дека Фондот во континуитет се соочува со недостиг на кадровски капацитети на стручен и обучен кадар во секторите клучни за дејноста, што значително влијае на квалитетот на извршувањето на дејноста и работењето на Фондот.


