Село гори, Трамп се занимава со балската сала

Објавено:

Американскиот претседател Доналд Трамп го искористи своето прво јавно појавување по изборите за да ја претстави балската сала што се гради во Белата куќа.

Трамп, кој своето последно јавно појавување пред изборите во понеделникот го посвети на говор за обновата на рефлектирачкиот базен кај споменикот на Линколн, утрото по тешкиот пораз на својата партија на изборите на средината на мандатот ги повика новинарите за да им ја покаже балската сала што ја гради во Белата куќа.

„Кога ме критикуваат и прашуваат зошто работам на Белата куќа, го правам тоа затоа што Белата куќа е симбол на Америка и мора да биде беспрекорна, мора да биде совршена“, рече Трамп.

„Мене тоа ме опушта“, додаде тој.

За изборите зборуваше само накратко за време на речиси едночасовното обраќање пред новинарите.

„Веројатно добро ќе се согласувам со демократите, освен ако не сакаат да опструираат, но имам право на вето“, рече тој.

Бранот на незадоволство од политиката на Трамп, особено од влијанието на војната меѓу САД и Иран врз зголемувањето на трошоците за живот, им помогна на демократите да освојат мнозинство во Сенатот, каде што освоија места во сојузни држави во кои традиционално доминираат републиканците.

Со тоа обезбедија најмалку 54 од 98 места.

Демократите освоија и најмалку 30 дополнителни места во Претставничкиот дом.

Ова ќе биде првпат Трамп, републиканец кој ја предводеше Белата куќа и во периодот од 2017 до 2021 година, да се соочи со ситуација во која демократите ги контролираат двата дома на Конгресот.