Казната за малолетните насилници ќе зависи од кривичното дело

Објавено:

Силна осуда предизвика во јавноста случајот со врсничкото насилство врз шестоодделенка во скопската општина Ѓорче Петров. Девојчето било нападнато од малку повозрасни од неа девојчиња, кои снимале со мобилен телефон како ја тепаат,гасат цигари од нејзиното тело и насилно ја принудиле да јаде кучешки измет.

Министерство за обвразование ги повика родителите да внимаваат повеќе на своите деца. Психолозите бараат поголема општетствена одговорност и повеќе стручна помош во училиштата, со повик настаниците да ги „отворат очите“. Правниците пак, додаваат „потребни се системски промени и сериозни санкции за врсничко насилство“.

Информацијата за овој инцидент стигнал до медиумите речиси еден месец откако се случил. Но, истиот ден кога беше објавен од порталот „Вечер“, на другиот крај на градот во населбата Аеродром се случил уште еден инцидент. Во овој главната улога ја имале поголема група деца кои нападнале 13‑годишно момче со нож и целиот настан го снимиле со телефон.

Клучното прашање што се наметна по овие инцидент е како институциите ќе постапат со малолетниците кои кои го извршиле насилството.

Правниците со кои разговаравме велат дека врсничкото насилство како и семејното е рак рана на македонскиот систем затоа што честопати малолетничките деликвенти кои вршат насилство остануваат неказнети или поминуваат со благи мерки.

Што е направено досега ?

Полицијата и обвинителите велат дека постапуваат без да откријат повеќе детали во овој дел од нивната постапка.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, информира дека 14 лица се повикани на разговор. Меѓу повиканите се и родителите на трите ученички кои се осомничени за малтретирање на нивната соученичка.Тошковски посочи дека истрагата е во тек и дека за дел од повиканите може да следуваат соодветни процесни дејствија. Во случајот е вклучено и Јавното обвинителство, кое постапува по насока на надлежен јавен обвинител.

„Станува збор за малолетници, па јавноста ќе биде информирана внимателно и со ограничени детали. Потребно е сите општествени чинители да се вклучат во справувањето со овој проблем, кој е присутен, иако не секогаш е видлив во јавноста, изјави Тошковски.

Училиштето го пријавиле случајот во полиција, ги викнале родителите на советување. Како мерки со кои располагаат е да им издадат укор на насилниците, и да овозможат да нивни префрлање во друго училиште со што би се заштитила жртвата од нивното присуство.

Во ваква ситуација првиот чекор е пријавата на жртвата во присуство на родителите и социјален работник во полиција, при што детално се забележува исказот на жртвата, вели адвокатката Катерина Котеска. Потоа треба исказ да дадат и осомничените малолетници за насилството во присуство на родителите и социјален работник во полициска станица.

„Најчесто казните за малолетниците се засилен надзор од родителите во соработка со социјалени работници. Ова во основа е првата мерка која се изрекува. Меѓутоа постои и опција како поправни установи за малолетници каде што истите дека таму може да бидат упатени, задржени зависи од начинот и од тежината на делото кое е сторено“, вели Котеска.

Според правилата, кога станува збор за деца кои немаат наполнето 14 години, а сториле некакво насилство кое не спаѓа во најтешките дела (со тешки телесни повреди), главниот збор го има Центарот за социјални работи кој, треба да изрече и спроведе воспитни мерки како засилен надзор во соработка со родителите или старателите, потоа надзор од социјални служби, упатување во воспитна установа и
обврска за посетување програми (психолошки третман, контрола на агресија).

Таа додава дека казната за насилниците ќе зависи од тоа како ќе биде квалификувано делото од Обвинителстото.

„Ако насилникот е делувал со присилба и со сила да ја примора жртвата, да ја малтретира и да ја мачи, тогаш казната ќе биде повисока. А доколку не делувал на тој начин, тогаш казната ќе биде пониска. Значи се прво треба да се види за кое кривично дело. Тука има многу околности на случајот и самото обвинителство ќе го креира, а понатака да се процесуира во текот на постапката за да се докаже“, додава адвокатката Котеска.

Клучна мерка која во ситуацијата е задоцнета, како што вели Котевска е психолошката проценка на девојчињата кои го сториле насилството, затоа што веројатно покажеле одредени симптоми и претходно.

Професорката по македонски јазик Татјана Алексиќ која предава во средното училиште „ Раде Јовчевски-Корчагин“ јавно на социјалните мрежи реагираше по вознемирувачкиот случај со шестооделенката, прашувајќи каде децата виделе, слушнале или научиле такво насилство и омраза.

„Каде виделе, слушнале или прочитале за такви гадости? Кој ги научи толку да мразат и злоставуваат?!“, прашува таа.

Според Алексиќ, на училиштата итно им се потребни стручни лица, образовни асистенти, социјални работници, педагози, психолози, психотерапевти, дефектолози и логопеди. Таа посочува и на потреба од служби за детектирање метал и оружје при влез во училиште, систематски прегледи, ограничување на социјалните мрежи до 18 години и цивилизирани казнено-поправни домови.

Адвокатите посочуваат дека, за жал, ваквите случаи не се изолирани, туку дел од секојдневие на кое институциите не обрнуваат доволно внимание. Често се изрекуваат благи мерки, како „засилен родителски надзор“, што не даваат реален ефект.

МОН: Родителите повеќе време да поминуваат со своите деца

Откако беше споделена во јавноста информацијата за инцидентот со шесттооделенката, министерката за образование Весна Јаневска изјави дека Министерството постојано подготвува упатства и прирачници за постапување при врсничко насилство, но без соработка со родителите, резултатите ќе бидат ограничени.

„Сите ние одговорни институции можеме да правиме се така како што треба, ако немаме помош од родителите не можеме да имаме успех колку и големи напори да направиме. Секако ќе има одреден процент, но клучна улога покрај училиштето и стручната служба имаат и родителите. Сега имаме иницијатива повторно за еден проект да пробаме да се справиме со семејното насилство затоа што најчесто овие агресори се резултати на нешто што е случува дома. Апел да дадам да внимаваат и повеќе време да поминуваат со своите деца“, кажа Јаневска.

МОН во 2023 година отворени посебни електронски адреси каде ќе може да се пријавува врсничко насилство откако откако во соседна Србија ученик пукаше и уби соученици и чувар во школо во Белград. Од почетокот на оваа учебната година во септември 2025 година, до сега на неа пристигнале околу 40 пријави за врсничко насилство, велат од МОН.

Психолог Радмила Живановиќ вели дека ова врсничко насилство е аларм за институциите да воведат регулативи и забрани за користење на социјалните мрежи до 14-16 годишна возраст.

„Воопшто не се ефективни повиците овој феномен да се решава единствено со повеќе посветеност и свесност кај родителите. Дури веќе ми се здосади само тоа да го слушам. Она што не функционира е токму тој систем кој повикува на одговорност, а не нуди никаква заштита. Системот кој не неʼ заштитува и не се грижи, ниту за децата ниту за семејствата. Родителот нема капацитет да е супер – родител или херој секој ден. Едноставно ограничени ни се капацитетите, можностите и ни е потребна секојдневна помош во воспитувањето и грижата за нашите деца. Па затоа и би прашала: Како системот се грижи и не заштува нас родителите и нашите деца?. Како институциите се грижат и не заштитуваат нас и нашите деца?“, напиша Живановиќ.

Лани 90 инциденти со врсничко насилство, над 60 се физички напади

Минатата година, МВР регистрираше над 90 инциденти поврзани со врсничко насилство од кои над 60 се физички напади.

Последниот полициски извештај од 2024 година покажува дека во училиштата се регистрирани 109 настани на насилно однесување меѓу ученици или што е за седум повеќе од претходната 2023 година. Две третини од насилството во школите се случува во основното образивание.

„Насилниците се на возраст од 11 до 14 години, кои поради кои поради изразена меѓусебна нетрпеливост најчесто го нарушуваат јавниот ред и мир со физички напади, а во помал број на случаи со меѓусебни тепачки“, се вели во полицискиот извештај за 2024 година.

Од вкупно 109 инциденти, полицијата поднела 13 кривични пријави за сторени пет кривични дела насилство, четир кривични дела „„насилство врз дете“, две „тешка телесна повреда“ и по едно „малтретирање во вршење служба“ и „загрозување на сигурноста“. Полицијата го известила Обвинителството за 26 настани и против 34 насилници е поведена прекршочна постапка за нарушување на јавен ред и мир и заменарена грижа од родител.

Најголем дел се случиле во Тетово, потоа Скопје и Куманово. Полициската статистика од 2023 година покажува дека при 107 инциденти со врсничко насилство, 61 дете било повредено, од кои едно е со тешка телесна повреда, а другите 60 со полесни телесни повреди.