За една година се удвоил бројот на загинати работници во Македонија

Објавено:

Во текот на 2025 година се евидентирани 132 несреќи при работа, од кои 31 со смртен исход, покажуваат податоците од Годишниот извештај за несреќи при работа и професионални заболувања за 2025 година, што по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа – 28 април го објави Македонско здружение за заштита при работа.

Тоа се двојно повеќе загинати работници во споредба со само една година претходно. Според Извешатај на ова здружение за 2024, таа година имало 133 несреќи при работа, од кои 15 завршиле фатално.

Во 2023 година, здружението регистрирало 93 несреќи при работа. Од нив, 15 биле со смртен исход.

Лани најмногу несреќи при работа имало во преработувачката индустрија (33). Следуваат градежништвото со 15, јавна управа и одбрана и задолжителното социјално осигурување со 12 несреќи.

Или, стапката на смртни случаи при работа во Македонија во 2024 година изнесува 2,45. Односно, на секои 100.000 вработени, двајца до тројца вработени загинале на работно место. Оваа стапка на смртност е во благ пораст споредбено со претходната 2023 година, кога изнесувала 2.16

Лани најмногу несреќи при работа имало во преработувачката индустрија (33). Следуваат градежништвото со 15, јавна управа и одбрана и задолжителното социјално осигурување со 12 несреќи.

Посебен осврт во извештајот е даден на трагични настани кои ја одбележаа годината, вклучително и пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој, соопшти Здружението, дополнително ја нагласи важноста од доследно почитување на прописите за безбедност, управување со ризици и ефективен инспекциски надзор.

Последниот трагичен случај е од пред четири дена, кога еден работник загина, а тројца беа повредени на градилиште во скопската општина Кисела Вода. Трагедијата се случила при ископ на темели за зграда, при што работниците биле затрупани со земја.