Очи в очи со народот – кампања на ВМРО ДПМНЕ; за СДСМ ова е копија на Вучиќ

Објавено:

ВМРО-ДПМНЕ известува дека започнува активности на терен, односно оди во сите населени места да се сретне со граѓаните.

„До крајот на годината претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членовите на Извршниот комитет почнуваат интензивни посети на општинските комитети на партијата“, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија смета дека само на директни средби може да се слушне реалната ситуација или постојат работи што не можат да се разберат од извештаи, статистики и состаноци зад затворени врати.

„На средбите ќе се разговара за реализираното, дали е испочитуван рокот бидејќи само така може да следат резултати. А тоа е начин и за подобро функционирање на надлежните и поголемо задоволство кај граѓаните. Целта е едноставна, да се разговара и да се слушне од граѓаните за она што функционира и за она што не функционира“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, пак, во своето соопштение вели дека Мицкоски нема ама баш ништо свое. Сè копира од Вучиќ. Не може да направи ниту една работа без да позајми нешто од кампањата на Вучиќ, неговиот шеф.

„Кампањата „Очи в очи со граѓаните“ е уште една работа преземена од Вучиќ. Така работеше и тој пред избори. Зошто сега овие мерки? Дали Мицкоски се подготвува за избори? Чуму овие теми од кампањата на Вучиќ? Чукаат ли на неговата врата истраги од Унгарија и Србија? Кредити, банка, дрога“, се вели во соопштението на СДСМ.

Оттаму истакнуваат дека во Србија Вучиќ падна, но изгледа дека сè уште владее во Македонија,