Лидерите во анкетите: Путин паѓа, Трамп е закана, Мелони води во ЕУ

Објавено:

Во последните неколку недели, низа истражувања на јавното мислење во Русија – вклучувајќи две што ги спровеле истражувачи поврзани со државата – забележале пад на поддршката за претседателот Владимир Путин.

ФОМ, чиј главен клиент е претседателската администрација, моќно тело за креирање политики во рамките на Кремљ, забележал најниско ниво на јавно доверба во Путин од септември 2022 година, објави Радио Слободна Европа.

Иако тој пад на рејтингот на Путин не значи политичка криза за Кремљ, сепак се истакнува како податок кој одамна не е изнесен јавно.

„Тоа не значи дека револуција е на повидок, но растот на тензиите не е добар за Кремљ“, изјави Гулназ Шарафутдинова, директорка на Институтот за Русија на Кингс колеџот во Лондон, укажувајќи на неодамнешен случај со адвокат познат по жестоки напади врз противниците на Кремљ, кој завршил во психијатриска болница откако го критикувал Путин.

Анкети на „Паис“ во 2026 и на Австралискиот Институт во 2025 година

Шпанците веруваат дека американскиот претседател Доналд Трамп е поголема закана за светскиот мир од рускиот претседател Владимир Путин, а повеќето веруваат дека Мадрид не треба воено да го поддржува Вашингтон во војната против Иран, според анкета објавена од шпанскиот весник „Паис“.

Во анкетата што ја направиле „Паис“, агенцијата 40dB и Cadena SER, на прашањето кои лидери најмногу го загрозуваат глобалниот мир, 81 процент од испитаниците го именувале Трамп, 79,3 проценти Путин, а 71,2 проценти го избрале израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Подолу на листата се другите светски лидери, како што се новиот врховен лидер на Иран Моџтаба Хамнеи (62,9%), севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун (62,2%) и кинескиот претседател Си Џинпинг (49,3%).

Ставовите на Шпанците за меѓународните лидери, како и за други прашања, во голема мера се под влијание на идеолошките разлики. Трамп е најголемата закана за огромното мнозинство поддржувачи од левицата, додека меѓу гласачите од десницата, Путин предизвикува најголема загриженост.

Анкетата е спроведена на почетокот на април на 2.000 испитаници.

Сличен бил ставот и на граѓаните од Австралија кои на анкета на Австралискиот Институт, австралиски тинк-тенк од Канбера, во 2025 година одговарале на прашањето: Кој е најголема опасност за мирот во светот?

Најмногу „гласови“ добил Доналд Трамп, а во првиот дел од листата се Путин, Нетанјаху и Си Џинпинг.

Графичка илустрација (AI generated)

Лидерите во локалните рејтинг анкети

Според анкетата на UMass Poll, спроведена во март 2026, Трамп добил поддршка од 33% од испитаниците, најниска во вториот мандат, а 62% од анкетираните изразиле незадоволство. Во анкетата на YouGov/Economist од април 2026, Трамп имал поддршка од 37%, а 56% од испитаниците дале негативни оценки. Како главни причини за пад на рејтингот на американскиот претседател биле наведени инфлацијата, високите цени на гориво, конфликтот со Иран и нестабилност во администрацијата.

Според последната анкета на Левада Центар во 2025, Владимир Путин добил стабилна поддршка, традиционално над 70%, иако со падови во одредени периоди. Анализата на испитувањето на GWU Russia Program од јануари 2025 покажува дека „високите рејтинзи често се резултат на политичка апатија и недостиг на алтернативи, а не вистинска лојалност“.

Оваа година, ФОМ, чиј главен клиент е претседателската администрација, моќно тело за креирање политики во рамките на Кремљ, забележал најниско ниво на јавно доверба во Путин од септември 2022 година.

Европа: Макрон надолу, Мелони нагоре

Според десетина анкети, спроведени во последните неколку месеци во Европа, најстабилен рејтинг има италијанската премиерка Џорџа Мелони, а најголем пад на довербата кај граѓаните се бележи кај францускиот претседател Емануел Макрон.

Анализите на анкетите на Политико, кој редовно прави сублимати на поголем број релевантни испитувања, покажуваат дека околу 19% од Французите кои учествувале во анкетите имаат позитивно мислење за Макрон. Дури 75% се изјасниле негативно.

Според истата анализа, за британскиот премиер Кир Стармер, околу 20% од Британците дали позитивно мислење, а 26% од германските граѓани во нивните анкети позитивно се изјасниле за канцеларот Фридрих Мерц.

Италијанска премиерка Џорџа Мелони има релативно стабилна поддршка, често над 40%, и е оценета како една од најмоќните фигури во Европа, се заклучува од анализата на Политико.