Општи избори во БиХ: Над 7.000 кандидати „се борат“ за 518 државни позиции

Објавено:

Во Босна и Херцеговина денеска се одржуваат општи избори. За 518 места во органите на власта, од државно до кантонално ниво, на изборите се натпреваруваат повеќе од 7.000 кандидати од 76 партии, а право на глас согласно избирачкиот список имаат повеќе од 3,4 милиони гласачи. Гласањето се одвива и во 20 дипломатско-конзуларни претставништва на БиХ во странство.

ЦИК за следење на изборниот процес акредитираше повеќе од 2.400 набљудувачи, од кои 756 се од странство.

Идентитетот на гласачите на избирачките места ќе се утврдува со отпечаток од прст, а сите гласачки ливчиња ќе бидат скенирани веднаш по гласањето. Тоа треба да ѝ овозможи на ЦИК да ги објави првите прелиминарни резултати непосредно по затворањето на избирачките места, односно околу 20 часот, пренесоа регионалните медиуми.