Полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против Ѓ.Н. (37) од Радовиш, осомничен за сторено кривично дело „загрозување лица под меѓународна заштита“. Пријавениот на 4 ноември телефонски се јавил во амбасада на странска држава во земјава и на странски јазик упатил сериозни закани кон вработените, загрозувајќи ја нивната сигурност, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Полициски службеници го пронашле и лишиле од слобода Ѓ.Н. Во службен разговор тој го признал делото.
„По поднесената пријава, а врз основа на предлог на јавен обвинител, судија од Основниот суд Струмица донел решение за негово упатување на психијатриско посматрање во соодветна здравствена установа“, соопшти МВР


