Реформи или политика: Каде „исчезна“ иранската полиција за хиџаб?

Објавено:

До пред нешто повеќе од една година иранската полиција за морално однесување, бурките и хиџабот беа прво што паѓаше во очи на иранските улици. Денес, нова слика. Хиџаб има, но ни приближно како до пред само две години ретко – по избор, а „морална полиција“ воопшто.

На прв поглед, тротоарите со дрворедот на улицата Валијаср – културниот и комерцијален центар на Техеран – изгледаат обично. Радикално е она што не го гледате. Жените се движат низ градот во маици без ракави и фустани со кратки ракави, широки панталони и тесни фармерки. Некои носат марами по избор. Многу не. Кафулињата се полни, сообраќајот густ. Изгледа како никој да не гледа или да не обрнува многу внимание на тоа што се случува. И токму тоа е највпечатливо, пишува Радио Фарда, иранскиот сервис на Радио Слободна Европа, во својата репортажа за моралната полиција, хиџабот и правата на жените во Иран последниве неколку месеци…

Некогаш озлогласените патроли што надгледуваа како жените се облекуваат од глава до петици, во голема мера исчезнаа од секојдневниот живот на улиците. Обврзувачките правила за носење хиџаб сè уште постојат, но нивното спроведување е видливо ублажено во поголемите ирански градови, кои беа попришта каде жените се бореа за слобода против таканаречената морална полиција.

„Не сум видела патроли за хиџаб многу долго. Жените се облекуваат како што сакаат“, изјави една жителка на Техеран во доцните триесетти години за Радио Фарда (Иранскиот сервис на РСЕ), под услов нејзиното име да не се објави од безбедносни причини.

Протести против хиџабот

Оваа промена дојде по години отпор од жените, кои кулминираа со протестите „Жена, живот, слобода“ во 2022 година, а се забрзаа последните месеци за време на војната на Иран со САД и пошироките политички тензии.

„Пред само неколку години, ова беше незамисливо“, вели за Иранскиот сервис на РСЕ, една мајка на две деца во четириесеттите години, која рече дека сега без никакви инциденти ги завршува своите обврски без покривање на главата и во кратки ракави.

Таа се присети на неодамнешна посета на владина финансиска канцеларија без покриена коса. На влезот службеник ја замолил да стави марама на главата, но само додека го минува влезот.

Политика или реформи?

Тешко е да се каже точно што стои зад оваа промена – владините претставници не ја коментираа – но аналитичарите велат дека тоа најверојатно одразува политички пресметки, а не реформи.

Само неколку недели пред да избие војната на 28 февруари, протестите ја потресоа Исламската Република, откако демонстрациите што започнаа поради растот на цените прераснаа во масовни антирежимски немири.

Безбедносните сили убија илјадници луѓе – некои извештаи велат десетици илјади – на улиците низ земјата за да го задушат востанието, а аналитичарите велат дека владата веројатно сака да избегне поттикнување тензии во време кога Иранките се обидуваат да се справат со последиците од војната.

Техеран vs внатрешноста

Надвор од престолнината, законот се спроведува нерамномерно. Во Мешхад, според мештаните, иако секојдневниот живот сè уште е порестриктивен отколку во Техеран, сепак е значително различен во споредба со порано.

„Постојат конзервативни жени кои носат целосен хиџаб“, велат, „но има и многу жени кои воопшто не ја покриваат главата“.

Дури и за време на верските обреди по повод Мухарем минатата недела, што е важен период во шиитскиот ислам, според нејзините зборови, многу млади жени се појавиле во шарена облека наместо во традиционална црнина.

Ограничувањата сè уште се на сила во одредени области. Таа рече дека во градското светилиште на Имам Реза и околните хотели и базари, полицајците сè уште им велат на посетителките да ја покријат косата.

„Но во кафулињата, на улиците, во јавниот превоз, никого не му е гајле што носите“, велат многу Иранци.