Сообраќајна несреќа се случи денес во Белград, кога трамвај излета од шините и удри во зграда. Во несреќата има повредени, но засега не се познати повеќе детали.
Трамвајот на линија 5, кој превезувал патници до Калемегдан кога излетал од шините.Според првичните информации, најмалку 10 патници се пожалиле на повреди, а четири амбулантни возила се испратени на местото на несреќата.
Истрагата е во тек, а сообраќајот е прекин во тој дел од градот. Силниот судир предизвикал материјална штета на трамвајот, но и на фасадата на зградата во која удрил. Според она што може да се забележи од видеата кои се споделуваат на социјалните мрежи од жителите на Белград, делови од шофершајбната и прозорците се расфрлани низ целата улица, а тротоарот е покриен со остатоци, урнатини и парчиња бетон што паднале од зградата.
Според медиумските извешаи во белградскиот трамвајски систем во последните години честопати се регистрираат сообраќајни инциденти, најчесто во форма на судири со автобуси и автомобили или излетувања од шините на критични раскрсници и делови од мрежата со стара инфраструктура.
Дел од нив завршуваат со материјална штета или полесно повредени патници, додека потешки несреќи се поретки. Причините честопати се густ сообраќај, застарени делови од пругата и мешаното движење во централните градски зони.
Белградскиот трамвај е еден од најстарите јавни транспортни системи во регионот, воведен на 14 октомври 1892 година, кога била пуштена првата линија од Калемегдан до Славија. Тој бележи повеќе од 130 години континуирана историја, од коњски вагони до модерни електрични линии кои денес се клучен дел од градскиот превоз во Белград.


