Земјотрес го затресе Скопје

Објавено:

Денеска попладне (23 мај) земјотрес ја затресе територијата на Скопје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека јачината на земјотресот е 3,5 степени според Рихтер, а интензитетот е четири степени според Европската макросеизмичка скала.

Тој бил регистриран во 17:41 часот.

Претходно во текот на денот, главниот град беше погоден од невреме – поројни врнежи, грмежи и ветар.

Покрај во Скопје, невремето зафати и други градови како Велес, Свети Николе, Валандово …

Силно невреме го погоди и поширокиот регион. Во Бугарија поради обилни врнежи надојде реката Јантра. Најсилно погодени беа Велико Трново, Габрово и околните населени места. Локалните власти ги предупредија граѓаните да не се доближуваат до критичните места, а беа затворени и дел од патните правци.