Десетмина повредени во сообраќајна несреќа на патот Куманово – Свети Николе

Објавено:

Десет лица биле повредени во сообраќајната несреќа меѓу комбе и камион што синоќа се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

Како што јави МИА, осум од повредените се задржани на Одделот за хирургија, а две лица се пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Дел од повредените се со полесни, а дел со потешки повреди.  

Од Противпожарната бригада во Свети Николе пак информираат дека пожарникари вчеравечер околу 21 часот извлекувале повредени од возилата, по што тие биле преземени од Итната медицинска помош.

Во текот на денот се очекуваат официјални информации и од Министерството за внатрешни работи.